Градоначалникот на Москва: Иако бунтот заврши, понеделник останува неработен ден

Од:

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека понеделник ќе остане неработен ден за жителите на руската престолнина, иако е завршен бунтот на „Вагнер“.

Во раните утрински часови на саботниот бунт на руската платеничка армија Вагнер, Собјанин го прогласи понеделникот за слободен ден за повеќето луѓе во Москва поради безбедносни причини и побара од нив да останат дома. Одлуката беше донесена додека силите на Вагнер напредуваа во конвој кон Москва во мисија да го соборат руското воено раководство.

Во градот беа поставени контролни пунктови и затворање патишта. Бунтот беше драматичен, но краткотраен, а Пригожин се повлече откако постигна договор со Кремљ па се пресели во Белорусија во замена Москва да се откаже од неговото гонење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лажен аларм во театарот „Бољшој“ во Москва, евакуирани над 2.000 луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе