Рација во зградата на „Вагнер“ во Санкт Петербург: Пронајдени се 47 милиони долари сокриени во кутии

Од:

Руската безбедносна служба изврши рација во главната зграда на Вагнер групацијата во Санкт Петербург.

Според неофицијални извори, во картонски кутии во близина на неговата канцеларија биле пронајдени 47 милиони долари во готовина.

Водачот на платеничката група Евгениј Пригожин признал дека во зградата има пари и дека ги користи за исплата на плати, но и за покривање други трошоци на групата.

Да потсетиме, шефот на руската приватна паравоена формација Вагнер Евгениј Пригожин утринава изјави дека неговите сили ги имаат под контрола воените објекти во Ростов на Дон, вклучително и аеродромот.

Тој ја повика и руската армија да не му пружа отпор бидејќи, како што рече, „ова не е воен удар, туку марш на правдата“.

Пригожин преку видео објави дека тој и неговите војници го контролираат Ростов на Дон, каде што се наоѓа штабот што ги води руските воени операции во Украина.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот