(ВИДЕО) Руската армија гранатираше воен конвој кај Воронеж

Од:

Пoсле вооружениот бунт на руските платеници на „Вагнер“, руските локални власти објавија дека има борби во областа Воронеж на југозападот на земјата, додека во истоимениот регионален главен град гори складиште за нафта, пренесуваат агенциите.

„Како дел од антитерористичката операција, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат неопходните оперативни борбени мерки во областа на регионот Воронеж“, напиша гувернерот Александар Гушев на Телеграм.

Гушев не напиша експлицитно против кого се бори војската во Воронеж. Сепак, претходно имаше непотврдени информации дека бунтовничките борци на Вагнер зазеле некои воени објекти во тој регион, пренесува dpa.

Воронеж, истоимениот регионален центар, се наоѓа на околу 470 километри од руската престолнина Москва, односно на половина пат до Москва од Ростов на Дон, каде Вагнер веќе ги окупираше воените инсталации. Во Воронеж – како и во главниот град Москва и поширокиот московски регион – изутрината беше прогласена антитерористичка вонредна состојба.

Гусев, исто така, објави дека службите за итни случаи се обидуваат да изгаснат запален резервоар за гориво во складиште за нафта. На терен се повеќе од 100 пожарникари и 30 противпожарни возила, изјави Гусев на Телеграм, пренесува Ројтерс.

На социјалните мрежи се појави видео од експлозијата на автопатот кај Воронеж. Руски воени хеликоптери попладнето отворија оган врз конвојот бунтовнички платеници во близина на Воронеж, кој веќе беше на половина пат до Москва во молскавично напредување, откако платениците го зазедоа јужниот руски град Ростов на Дон во текот на ноќта.

Претседателот Владимир Путин вети дека ќе го уништи вооружениот бунт, кој го спореди со граѓанската војна во Русија пред еден век.

Борците од Вагнер на Евгениј Пригожин го контролираат Ростов на Дон, град со повеќе од еден милион жители во близина на границата со Украина, и брзо напредуваат на север низ западна Русија.

Репортерот на Ројтерс видел воени хеликоптери како отвораат оган врз вооружена колона Вагнер која напредувала во близина на градот Воронеж.

Би можело да ве интересира

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија

Песков: Продолжувањето на санкциите на Трамп против Русија не е неочекувано