(ВИДЕО) Воени возила се стационирани на стратешките позиции во Москва

Од:

Во Москва се зајакнати безбедносните мерки, објави новинската агенција ТАСС, пред се околу најважните владини локации и инфраструктура во главниот град.

Властите на јужниот регион Воронеж соопштија дека ситуацијата е под контрола и дека се преземаат безбедносни мерки. Тие ги повикаа жителите да го избегнуваат автопатот М4 што ги поврзува јужните региони со Москва бидејќи, како што тврдат, по таа рута се движи воен конвој.

Гувернерот на руската област Ростовска, која граничи со Украина на исток, ги повика жителите да останат во своите домови, објави Би-Би-Си, откако Пригожин и неговите борци соопштија дека преминал од Украина во Русија.

Сегашната ситуација бара максимална концентрација на сите сили за одржување на редот“, напиша Василиј Голубев на Телеграм.

Во градот Ростов на Дон веќе се распоредени воени возила.

Гувернерот на руската област Липецк, на околу 420 километри јужно од Москва, во саботата најави „засилени безбедносни мерки“ како одговор на најавениот вооружен бунт на платеничката група Вагнер.

Во Москва воена опрема и камиони беа снимени пред Државната дума, во руското Министерство за одбрана и во катедралата Христос Спасител.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина