Петрушев: Западот оди по истиот пат на Хитлер

Од:

Колективниот Запад оди по истиот пат како Хитлер и неговите следбеници претходно, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

На денешната средба во Казахстан, на која присуствуваа и претставници на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан, тој го привлече вниманието со изјавата дека Русија денес се соочува со слична закана како што беше пред 80 години, кога фашистичка Германија, со поддршка од речиси сите земји од Западна Европа, го нападна тогашниот Советски Сојуз.

Западот денеска повторно ја напаѓа Русија, обидувајќи се да ја уништи или барем да ја распарчи и заедно со земјите од поранешниот СССР еднаш засекогаш да и ја одземе независноста. Вашингтон нема да прифати ниту една силна земја, заклучи Патрушев, оценувајќи дека нападите врз Руската Федерација се преземаат со цел САД да доминираат на евроазиската територија.

„За таа цел, Англосаксонците предизвикаа конфликт во Украина, а денес тие продолжуваат да го снабдуваат режимот во Киев со оружје, испраќајќи им муниција со осиромашен ураниум, давајќи им разузнавачки информации и сателитски снимки“, рече тој.

Дополнително, како што истакна, во планирањето на воените операции кои денеска се изведуваат на фронтот учествуваат и Англосаксонците, а како што веќе знаат сите, испраќаат и свои платеници во Украина.

Патрушев потсети дека Западот се обидува на сите да им ги наметне правилата што ги смислил за да обезбеди просперитет на сметка на другите. За таа цел ги користат и своите сојузници на Запад, објасни Патрушев, пренесува Раша тудеј Балкан.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел