Полицијата од Лесковац трага по маж кој денеска со секира удри маж во глава. Насилникот избегал од местото на настанот јавајќи коњ.
Двајца мажи наводно се скарале, а потоа се степале во улицата Караѓорѓева во населбата Славко Златановиќ.
– Напаѓачот потоа зел секира и со неа го удрил противникот во главата. После тоа, осомничениот скокнал на коњот и побегнал од местото на инцидентот – изјави за „Информер“ извор од истрагата.
Брзата помош брзо реагирала и го пренела повредениот во болница. Таму лекарите констатирале дека нападнатиот нема сериозни повреди.
– Најверојатно е удрен со тап дел од секира – изјавиле докторите од болницата.