Прегазена жена на „Рузвелтова“, уапсен возачот кој побегнал од местото на несреќата

Од:

Сообраќајната незгода се случила на улица „Рузвелтова“ во Скопје, а возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата.

Жена се наоѓа во критична состојба.

Полицијата успеала да го најде возачот и го уапсиле.

„ На 21.06.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот В.А.(51) од Скопје, по што го напуштило местото.

По несреќата В.А. била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани  тешки телесни повреди. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот А.С. и го привеле во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово, почина 19-годишна девојка

Предраг Петровиќ

Полицајци уапсија пијан возач во Кочани

Горан Наумовски

21-годишен возач од Никуштак „летал“ со 108 километри на час во населено место

Возач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист

Горан Наумовски

Возачот кој усмрти девојка на „Партизанска” возел без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло

А1он

Се преврте камион, затворен автопатот од Демир Капија до Смоквица