Силите верни на режимот на Сирискиот претседател Башар ал Асад, се обидуваат да ја вратат контролата врз граничните премини кои претходните денови ги освоија вооружените бунтовници.
Според непотврдени вести само вчера се убиени над 300 луѓе. Во последните 48 часа 30000 Сиријци пребегаа во Либан.
Аналитичарите претпоставуваат дека наредните неколку дена се критични за опстојување на режимот на Асад, после тешкиот удар во средата кога убиството на луѓе од најтесниот круг на Сирискиот претседател, ја уништи аурата на нивна недопирливост.
Дипломатијата досега се оикажа неделотворна и покрај ескалацијата на кризата. Западните сили го осудуваат режимот на Асад, но не покажуваат доволно храброст да ја нападнат Сирија, по примерот на НАТО нападите на Либија минатата година, кога беше соборен Моамер Гадафи.