Инфузија на витамин Ц новина за лекување на рак во Чешка

Од:

Дел од онколошките центри во Чешка почнаа со примена на нов начин на лечење на болните од рак и други болести со директна апликација во вените на високи дози на витамин Ц, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако користењето на инфузија на витамин Ц е одобрено од Институтот за здравство, сепак дел од чешките онколози чекаат клиничката студија да ги покаже придонесите и резултатите од тој тип терапија.

– Инфузијата како додаток на лечењето на ракот долго време се применува, изјави фармакологот Здењек Прохазка, потсетувајќи дека стандардните дози на витаминот кој се добиваат преку храна и таблети ги покриваат само основните физиолошки потреби, а до крвта голем дел не стигнува поради цревната бариера и природното исфрлање преку урината.

Концентирана доза на витамин Ц го јакне имунитетот и една доза е доволна за превенција од грип, а се користи и при лекување на алергии, автоимуни болести, како Кроновата билест, и против разни видови канцер и тумори.

Со инфузијата, витаминот Ц влегува во крвта и делува против инфекции, против воспаленија и како антиоксиданс.

Овој вид лечење не се препорачува само за луѓе со проблеми на функцијата на бубрезите.

– За превенција на кардиоваскуларни болести и канцер се препорачува концентрација на витамин Ц во плазма најмалку 0,9 милиграми на сантилитар што одговара на дневна доза од 100 до 200 милиграми витамини.

Потребно е концентрацијата во крвта да биде 10 до 15 пати поголема за да се достигнат резултати.

– Дозата од 0,1 грам на килограм телесна тежина го поддржува имунитетот и ја потиснува инфекцијата, а последните студии покажуваат дека дозата од 0,75 до 1,5 грама на килограм тежина делува токсиколошки и директно на канцерогените клетки, објаснува Прохазка.

Витаминот Ц го засилува дејството на класичното онколошко лекување и истовремено ги заштитува здравите клетки. Со неговата употреба се зголемуваат шансите за излекување, или во најмала мерка се подобрува квалитетот на животот на павиентите и се намалуваат негативните ефекти.

Овој начин на додатно лекување се применува во Онколошкиот центар во Либерец и според лекарката Марта Холикова на пример, кај пациент со напреднат рак на панкреасот кој се ширел до јетрата, по само три недели лечење се покажани подобри резултати.

Инфузијата со витамин Ц не е покриена од јавното здравство и пациентите сами ја плаќаат откако ќе добијат лекарски рецепт.
Дозата за долготраен третман чини 18 евра, а 30 евра доза за еднократна употреба.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска