Двајца повредени и еден уапсен по пукање во центарот на Сараево

Од:

Две лица се повредени во престрелката што се случила во центарот на Сараево, во близина на хотелот Европа.

Кантоналнaта полиција соопшти дека повредени се Т.К., роден 1981 година, кој се здобил со прострелна рана во ногата и Н.С., роден 1981 година, кој при физичка пресметка се здобил со тешки повреди.

Уапсен е И.М., роден 1983 година, од Сараево, велат оттаму. Како што претходно објави порталот Радио Сараево, актери на овој настан се Тимур Кекетовиќ и Ибро Миладин.

Портпаролот на кантоналната полиција Мерсиха Новалиќ изјави дека на уапсениот му е одреден притвор до 24 часа, по што ќе биде пренесен во надлежното обвинителство или пуштен на слобода.

„Нема трета опција“, рече Новалиќ.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

30 дена притвор за насилник кој со нож рани двајца малолетници

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново

Трета жртва од пукањето во Скадар

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина