Бајден го нарече својот кинески колега Џинпинг „диктатор“

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече својот кинески колега Си Џинпинг „диктатор“, еден ден откако државниот секретар Ентони Блинкен го посети Пекинг во обид да ги стабилизира билатералните односи со Кина. Иако Блинкен рече во Пекинг дека поглавјето за наводниот кинески шпионски балон треба да се прекине, Бајден даде личен коментар во вторникот, велејќи дека Си бил длабоко засрамен.

Според Ројтерс, не е јасно зошто Бајден така зборувал за Си.

„Причината зошто Си Џинпинг беше многу вознемирен кога го соборив балонот е затоа што имаше шпионска опрема за која тој не ни знаеше дека постои. Голема е срамота за диктаторите, кога не знаат што се случило“, рече Бајден и додаде дека Кина има „реални економски тешкотии“.

Си, кој се сретна со Блинкен во понеделникот, не одговори јавно на коментарите на Бајден.

Би можело да ве интересира

Кина ги утврди приоритетите за втората половина од оваа година

Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре ќе престојува во Белград, ќе го пречекаат српски ловци МиГ-29

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

Кинескиот претседател пристигна кај Путин со бесна кола: Шестметарското чудовиште во кое се вози, носи и познато име

Предраг Петровиќ

Кси до Путин: Благодарение на силното лидерство, Русија постигна значителен напредок