Генералниот директор на МЖ Транспорт, Зули Демири денеска подели 40 решенија за вработување на машиновозачи за работа на неопределено време.
МЖ Транспорт од денеска го засилува тимот за работа, се со цел да се надминат предизвиците со недостаток на кадар. Со вработувањето на 40 лица, избрани на оглас, кои после приправничкиот стаж ќе работат како машиновозачи, ќе се надмине и опасноста да дојде до прекин на железничките линии поради недостаток на кадар.
Меѓу новопримените вработени, застапени се сите националности, а меѓу нив има и две жени кои ќе имаат можност да работат како возачи во железничкиот сообраќај.