Премиерот Димитар Ковачевски вели не ја слушнал изјавата на бугарскиот претседател Руман Радев кој обвини дека Македонија лобирала во европските институции за да го сокрие недостатокот од реформи, но вели претседател на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата земја.
– Македонија има јасни позизии во Европската унија, 100 проценти ни е усогласена надворешанта политка со Унијата, носме одлуки во НАТО заедно со Бугарија, секоја година имаме европски извештаи за реформите и затоа сметам дека претседателот на соседна држава треба да да занимава со реформире во неговата земја, рече Ковачевски.