Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја.

За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Продолжува пеколното време, температури над 40 степени

Македонија е во пеколен топлотен бран

38 степени денеска, во следните денови пожешко

Пеколно време и денеска, во викендот намалување на температурите

Летото ќе биде натпросечно топло, со жешки бранови со екстремни тепмератури

Пеколен бран во Македонија, температурите над 40 степени