Во полициската станица во Делчево вчера е пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – село Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи моторцикл изгубил контрола и со мотоциклот излетал од патот.
Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.