Вчера МВР казни 700 возачи за брзо возење

Од:

Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи.

Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Уапсен е возач од Србија, на автопат Куманово – Скопје возел со 188 километри на час

А1он

Со 244 километри на час „летал“ по автопатот Скопје-Гевгелија

A1on

Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место