Анастасија Рубинска (27) од Полска, по неколкудневна интензивна потрага е пронајдена мртва, пренесува „Прототома“. Девојка исчезнала на островот Кос во Грција каде работела во хотел.
„Во населбата Аликес е пронајдено тело на гола жена, а полицијата верува дека се работи за исчезнатата 27-годишна Анастасија. Се очекува идентификација од нејзиниот партнер“, пишува грчкиот медиум.
Девојка од Полска исчезна на островот Кос во Грција. Случајот излезе на виделина по пријава на нејзиниот 28-годишен партнер, кој во вторникот попладне го пријавил нејзиното исчезнување во полиција, опишувајќи го последниот разговор што го имал со неа.
Според неговите зборови, во понеделникот вечерта околу 22 часот и 30 минути на телефон му се јавила неговата девојка Анастасија Патриша (27), која работела во хотел на островот. Му рекла дека има малку пиела и се враќа во хотелската соба со пријател, кој ќе ја донесе со мотор.
Според достапните информации, на телото на млад човек од Бангладеш (32), кој се смета за главен осомничен за исчезнувањето на девојката, биле пронајдени гребнатинки и траги од борба. Уапсен е, а властите му зеле примерок на ДНК од гениталиите и ноктите, а во куќата во која живеел била пронајдена и руса коса.
Друг важен елемент што властите го истражуваат е тоа што мажот кај кого бил пронајден авионски билет за Италија, кој наводно бил издаден ден по исчезнувањето на девојката, не известил никого, па ни цимерот дека има намера да замине.
Полицијата на Кос исто така ги прегледува и испитува снимките од пет безбедносни камери од различни локации на кои се гледаат движењата на Анастасија. Како што е соопштено, на нив се гледа русокосата девојка како купува во мини маркет кој се наоѓа на неколку километри од хотелот во кој работела. На едно од видеата се гледа како купува лименки пиво, го напушта мини маркетот и седи на терасата и пие. Во исто време со неа во продавницата бил и 32-годишен маж од Бангладеш, кој е уапсен под обвинение за киднапирање и се смета за главен осомничен за исчезнувањето на Анастасија. Како што може да се види во материјалот, младиот човек кога ја здогледува и приоѓа и почнува да разговара со неа, а доаѓаат и други непознати лица.
На крајот од видеото може да се види како заминува со него, се качува на мотор и се движи во правец на патот кој води до неговата куќа.