Србин ограбил Турчин во кафана во Тетово

Од:

Српски државјанин е приведен вчера на граничниот премин „Јажнице“ затоа што бил пријавен дека вчера наутро во угостителски објект во Тетово ограбил труски државјанин. Му зел пари, накит и лични предмети. Двајцата се познавале од претходно.

– На 17.06.2023 во 18.15 часот на граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници е лишен од слобода А.А.(30) од Р.Србија затоа што, според пријавеното, околу 07.30 часот во угостителски објект во Тетово му одзел пари, накит и лични предмети на С.С.(39) од Р.Турција со кого се познавале од претходно и избегал од местото на настанот, информира МВР.

Кога бил приведен Србинот, кај него биле пронајдени украдените работи.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски