ВИДЕО: Нивото на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија трипати повисоко од просекот

Од:

Во текот на изминатата ноќ и изутринава се уште е значително висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, а очекувано зголемен е водостојот на реката на низводните профили во Велес и Демир Капија информираат од Хидрометеролошкиот завод.

– Во Скопје пикот на реката е забележан 1 час после полноќ (во 01:00 часот на 18.06.2023) и изнесуваше H=195 sm, а изутринава веќе бележи намалување за 20 sm. До крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на Вардар во горниот дел од нејзиното течение додека во средниот и долниот дел од течението да има зголемување на водостојот. Исто така, изутринава е забележан и минимално зголемен водостој на р.Лепенец. Сите останати водостои низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден. Сеуште посочуваме на внимателност во сливот на р.Вардар, каде во средниот и долниот дел од течението ќе има висок водостој во текот на денот. Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но сеуште предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, се вели во соопштението од УХМР.

Нивото на Вардар утрово кај Јегуновце било 216 саниметри, просекот за овој дел од годината е 74 сантиметри. Кај Демир Капија мерките за утрово покажуваат 308 саниметри, просекот пак за овој дел е 123 сантимери.

Драстично повисоко е и нивото на Црна Река која кај Новаци е 180 сантимери.

Нивото на Вардар и денеска и високо кај селото Раотинце каде вчера попладне реката се излеа и полави дел од куќите.

Поради обилните врмнежи од дожд водостојот на реките утрово во однос на просекот за јуни е зголемен тројно на реката Вардар кај Јегуновце, кај Велес и кај Демир Капија, како и на реката Пчиња кај Катлановска Бања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Се излеаја фекалии, голем помор на риби во Вардар кај Градско

Катерина Ѓуровски

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

УХМР: Попладне повторно врнежи, претпазливост на места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд