Бранејќи ја ќерката, жена од Волково настрада од сопствениот брат: Прободена е во лицето

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен жител на селото Волково осомничен дека тешко ја повредил со нож сопствената сестра.

– На 15 јуни, во дворот од семејна куќа во Волково, осомничениот тешко го нарушил здравјето на својата сестра и предизвикал нагрденост. Осомничениот најпрво започнал вербална расправија на висок тон, упатувајќи навредливи зборови кон оштетената, нејзината ќерка и уште двајца сведоци кои работеле во дворот. Потоа станал агресивен и им се заканил да престанат, а за кратко се вратил во дворот со нож во раката и се упатил кон внуката. Нејзината мајка се обидувала да ја смири ситуацијата и во моментот кога осомничениот замавнал со ножот, таа застанала пред ќерката за да ја заштити, па била прободена во левата страна од лицето во пределот кон слепоочницата, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело или ќе стори кривично дело со кое се заканува, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец