Издавањето на испратници за исечено дрво се врши без регистар, евиденција и контрола, не се вршело попис на залихите на испратници, а не може ниту да се потврдат приходите на сметката по основа на плаќања за издадени испратници затао што ексел табелата била загубена, утврдиле ревизорите при контролата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештај за ревизија на усогласеност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2021 година кога министер беше Арјанит Хоџа од Движењето БЕСА, а заменик беше Трајан Димковски.
Со извршената ревизија е утврдено:
– неусогласеност на потребните вработувања во Планот за вработување и ангажираните лица, како и недостиг на стручен кадар од областите во делокруг на Министерството;
– реализирани се само 12,6% од Програмата за фитосанитарна политика за 2022 година и тоа во најголем дел за исплата на надоместок на стручни комисии за регистрација на фитофармацевтски производи;
– евиденција на набавените и издадените контролни марки за ставање во промет на брашното не е воспоставена;
– извршените уплати на сметката на Министерството за надоместок за проширена репродукција на шумите не се пренесени во корист на Буџетот.