(ВИДЕО) Мицкоски: Османи да ја покани Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените деца во Ваташа и да побара прошка

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му предложи на министерот за надворешни работи Бујар Османи да ја покани колешката од Бугарија, новата министерка Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените 12 младинци во Ваташа и да побара прошка, наместо, како што вели, да зборува дека Бугарија после уставните измени нема повеќе да не уценува.

– Бујар Османи нема кредибилитет да преговата за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли Бугарија за мене. Многу пати во минатото со своите постапки наместо како министер во земја во која мнозински народ е македонскиот, да покаже почитување, тој освен што не покажал тој и не погазил.

Османи да го советува новиот министер за надворешни работи на една европска земја, да дојде тука на споменикот во Ваташа, да клекне и да се извини, да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор, па потоа можеме да седнеме да размислуваме за прошка.
Тоа го направил германски министер во Полска и може министерката да клекне да се извини – истакна Христијан Мицкоски на чествувањето по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци.

За премиерот Димитар Ковачевски рече дека бил кукавица и киднапиран домазет во својата влада кој се плаши да излезе на изборит.

– Човекот е киднапиран домазет во својата влада. Еднаш кукавица, цел живот кукавица, се плаши да излезе на избори, за да нема вака кажавме така кажавме, еве една средбва на која народот ќе суди што сме кажале – рече Мицкоски и додаде дека како партија ја поздравуваат резолуцијата на Германија и очекуваат и други членки на ЕУ да го сторат истото.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Мицкоски: По изборот на јавниот обвинител ќе се активираат многу предмети