(ВИДЕО) Силно торнадо во Тексас: Три лица загинати, 50 се повредени, 200 куќи се уништени

Од:

Вчера силно торнадо го погоди градот Перитон, Тексас, при што загинаа најмалку три лица, а околу педесетина беа повредени. Од локалната противпожарна служба велат дека торнадото најверојатно уништило околу 200 куќи.

Шефот на противпожарната служба на Перитон, Пол Дачер, изјави за Си-Ен-Ен дека повеќето од исчезнатите лица се пронајдени и дека се уште се трага само по едно лице.

– Од трите жртви, двајца загинаа во централното градско подрачје, а трето лице загина во парк за приколки во североисточниот дел, рече Дачер.

Xcel Energy изјави за CNN дека Перитон е без струја и дека државата Тексас и околните градови испраќаат помош. Во Перитон живеат околу 8.000 луѓе. Градот се наоѓа во северниот дел на Тексас во близина на границата со Оклахома.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас