Георгиев: Судиите нека пријават ако имаат притисоци од Судски совет

Од:

За претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев алармантен е податокот дека ниту судиите не веруваат во судскиот систем, ниту во институцијата која тој ја предводи и им порача на колегите влијанијата да ги пријават со име и презиме, а не анонимно.

„Лично јас бев присутен на оваа трибина. Го слушав тоа. Тоа било за 2022 година. Тука беше наведено дека за некои влијанија од претседатели на судови, од повисоки судови, па и од членови. Сето ова е за мене податок на кој му давам значење.

Ги охрабрувам и повикувам судиите, кои биле анкетирани, пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од членови на Судски совет, претседатели на судови, слободно нека пријават. Како порака до колегите судии – ги охрабрувам дека таквата состојба е алармантна, се согласувам. И ако ја чувствуваат, има Обвинителство, слободно нека пријават“, рече Георгиев.

Најголем дел од 212 испитани судии и 83 обвинители, кои одговарале на анонимни прашалници од Мисијата на ОБСЕ со недоверба гледале кон Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација