Операцијата за подигнување и исправување на италијанскиот крузер Коста Конкордија, ќе започне идната недела, 20 месеци откако тој брод се насука недалеку од италијанскиот остров Џилјо во Тосканам, каде животот го загубија 32 патници.
Директорот на Националната агенција за цивилна заштита Франко Габријели изјави денеска дека персоналот ќе се обиде да го исправи бродот на 16. септември.
Тој нагласи дека точниот датум на таа операција ќе биде познат еден ден откако ќе започне.
Бродот „Конкордија“, откако ќе биде исправен, ќе биде одвлечен и исечен, пренесе АП.
Бродот на 13. јануари се насука на карпа. На капетанот кој управуваше со бродот му е судено за убиство без предумисла и напуштање на бродот.