Дождот кој со денови паѓа низ Србија доведе до зголемување на водостојот на многу реки, меѓу кои и на реката Трнавица во Нови Пазар. Колку бил силен водениот порој покажува снимка на која се гледа како реката носи автомобил со голема брзина.
На страната на Инстаграм 192_rs објавено е видео од автомобил кој со голема брзина го носи надојдената река Трнавица, како и дрвја кои се искршени во невремето.