Демобилизирани над 550 деца војници во ДР Конго

Од:

Повеќе од 550 деца се ослободени од вооружени групации во провинцијата Катанга на југоисток во ДР Конго, соопштија денеска ОН.

– Кампањата со повици за отпуштање деца од вооружени формации донесе успех бидејќи се демобилизирани 557 деца во период од март до август оваа година, се вели во соопштение на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашња.

Вооружени групации на север во Катанга меѓу кои и злогласната Маи Маи, користат деца војници, но во свои редови ги имаат и регуларната армија на ДР Конго, наведоа од ОН. Според податоци на УНИЦЕФ, околу 5.400 деца војници од 2008 година се ослободени од оружени групации и вратени во нормален живот.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска