ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Од:

„Денес на парламентарни седници во првата фаза, од сите присутни пратеници, беа поддржани два многу битни закони. По скоро две и пол години, денес пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица. Ова е првата фаза, следи јавна и амандманска расправа, по што пратениците повторно треба да се изјаснат, односно да гласаат“, велат од ДС.

„Во првата фаза беше поддржан и Предлог – законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, закон со кој ќе започне неселективна борба против организираниот криминал и справување со високата корупција.

Се предвидува формирање на независна Агенција, надвор од какви било политички и други центри на влијание. И по овој закон следи амандманска расправа и повторно изјаснување на пратениците“, се наведува во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски