За време на актуелната контраофанзива на Украина, загинаа околу 40.000 Украинци, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко во интервју за телевизијата „Русија 1“.
„Контраофанзивата“ започна на 4-5 јуни. Ние не ни забележавме. Па, не забележавте и вие. Ја следиме ситуацијата, гледаме што се случува таму. За тоа време околу 40.000 луѓе загинаа. Тие загинаа! Над 100.000 беа ранети. Речиси 120.000-150.000 (загуби во работна сила). Уште полошо минаа возилата „Бредли“ и „Леопард“, рече белорускиот лидер.
Лукашенко додаде дека офанзивата ја започнал режимот во Киев, бидејќи треба да ја покаже својата решителност пред претстојниот самит на НАТО во Вилнус, кој ќе се одржи на 11 и 12 јули.
Претходно, рускиот лидер Владимир Путин изјави дека нападот на украинските сили бил во тек од четири правци и дека непријателот немал успех во ниту еден правец. Тој додаде дека украинските сили трпат големи загуби, прецизирајќи дека загубите на Украина во работна сила за време на контраофанзивата се „блиску до катастрофални“.