Славица Кутиров поднесе оставка од директорската позиција во Царина

Од:

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план се вели во писменото браќање на Славица Кутиров.

– Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата. На новиот директор му го честитам назначувањето на функцијата и му посакувам успешна работа и уште подобри резултати, вели Кутиров во соопштението од царинската управа.

Би можело да ве интересира

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо

Две Македонки кои живеат во Холандија криумчареле злато вредно 1,3 милиони денари

Во цистерна за нафта шверцувале цигари, фатени петмина кои имале организирана мрежа

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Кривични за екс директор и раководител за јавни набавки во М-НАВ, направиле штета од 1,5 милиони денари

Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови

Катерина Ѓуровски