Кузеска: ДПМНЕ да номинира претставници во работна група, да продолжи дијалогот за уставни измени

Од:

СДСМ, како одговорна, државотворна партија го предводи евро-интеграцискиот процес. Но, подадовме рака и кон Мицкоски и ДПМНЕ за приклучување кон овој процес значаен за иднината на земјата. Добро е што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира свои претставници и работните групи да започнат со работни средби што е можно поскоро. Ги повикуваме во ДПМНЕ да ја прифатат подадената рака. Условите за одложена примена на уставните измени до втората меѓувладина конференција се прифатени. ДУИ има јасна позиција потврдена на органите на оваа партија и подготвена е да отстапи во интерес на европската иднина. Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на сопствената држава, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија