Пред неколку дена во кривопаланечкото село Луке, жена и дете едвај спасиле жива глава кога досегашен раководител на подрачната единица на Агенцијата за Вработување, со иницијали М.А, заради нерасчистени имотно правни односи уништил фолија и црева за довод на вода, а потоа ја нападнал својата сестра и нејзиното дете со секира.
Оваа информација А1 ја доби од вознемирени жители на Крива Паланка.
Во пораката која ја добивме стои и дека напаѓачот наместо веднаш да биде уапсен и приведен, тој дури утредента бил повикан во полициска станица и откако бил сослушан веднаш бил пуштен на слобода.
Граѓаните велат дека кривопаланечката јавност стравува дали воопшто овој, како што велат, насилник ке одговара пред судот на правдата пред се поради неговата блискост со партијата на власт.