Американски државјанин уапсен во Москва, се соочува со 20 години затвор

Од:

Вчера во Москва е приведен американски државјанин. Телеграм наведува дека „Окружниот суд Хамовники во Москва презел превентивна мерка против американскиот државјанин“.

Во соопштението на судот се наведува дека приведениот е „поранешен падобранец и музичар“.

Мајкл Тревис Лик ​​(51), американски државјанин кој повеќе од една деценија живее во Русија, е уапсен под сомнение за шверц на дрога, објавија локалните државни медиуми. Во извештаите се наведува дека тој бил обвинет за продажба на мефедрон и дека судот во Москва му одредил притвор два месеци пред судењето. Доколку биде осуден, му се заканува затворска казна до 20 години, пишува The Guardian.

„Свесни сме за неодамнешното апсење на американски државјанин во Москва. Кога американски државјанин е приведен во странство, Министерството бара конзуларен пристап што е можно поскоро и работи на обезбедување на сета неопходна конзуларна помош“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Би можело да ве интересира

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

(ВИДЕО) Русите тврдат дека освоиле важен град на патот кон Покровск

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху