Загина маж од Ресен, со возило излетал од пат

Од:

Во 04.05 часот утрово во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, пред село Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот А.Р. од Ресен, излетало од патот, извести МВР.

– Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додаваат од МВР.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот