Светските рејтинг агенции S&P Global и Moody’s го подобрија рејтингот на Јунајтед Груп

Од:

Јунајтед Груп , водечка телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во нашата земја, со задоволство објави дека рејтинг агенциите S&P Global и Moody’s позитивно ги оценија рејтинзите на компанијата и нејзините идни перспективи.

S&P Global ја подобри прогнозата за рејтингот на Јунајтед Груп од стабилен на позитивен, додека Moody’s го подобри рејтингот од негативен на стабилен.

Ова е резултат на успешната продажба на инфраструктурата за мобилни кули на Јунајед Груп во Бугарија, Хрватска и Словенија на TAWAL за 1,22 милијарди евра или 20,1 пати поголема од вредноста на EBITDA. Приливот на средства од оваа трансакција ќе биде искористен за исплата на обврските доспеани во 2024 и 2025 година со значително намалување на задолженоста на Групацијата.

Јунајтед Груп ги гледа овие одлуки како потврда за успешните стратешки иницијативи на компанијата, вклучувајќи го и нејзиното проширување на грчкиот и бугарскиот пазар. Компанијата останува посветена на подобрување на својата финансиска стабилност и можности за понатамошен раст, а истовремено инвестира во нови технологии и проширување на мрежата.

Викторија Боклаг, извршниот директор на Јунајтед Груп, изјави:

„Продажбата на нашата мобилна инфраструктура ни овозможи да ја оптимизираме структурата на капиталот, да ја зајакнеме нашата финансиска позиција и успешно да се справиме со силните глобални макроекономски притисоци. Остануваме фокусирани на спроведување на нашата стратегија за раст и обезбедување иновативни и висококвалитетни услуги за нашите клиенти. Ние сме среќни што S&P и Moody’s го препознаа овој успех“.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален извршен директор на Direct Media United Solutions

Јунајтед Груп силно ги отфрла неоснованите наводи во врска со нејзиниот бизнис во Северна Македонија

Јунајтед Груп ја назначи Александра Делвенакиотис за Потпретседател на Групацијата за корпоративни работи

Јунајтед Груп ја заврши продажбата на инфраструктурата за мобилни кули на TAWAL

UGI Wholesale стана водечки играч на регионалниот телекомуникациски пазар

Јунајтед Груп се приклучува на Глобалниот договор на Обединетите нации