Владимир Путин го нарече рушењето на браната Каховка „еколошка и хуманитарна катастрофа“. Ова го изјави рускиот претседател за време на денешниот разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.
Путин го опиша пробивањето на браната Каховка како намерен напад, нарекувајќи го „варварски чин“. Рускиот лидер му рекол на својот турски колега дека инцидентот довел до „еколошка и хуманитарна катастрофа од големи размери“.