Бугарија доби влада: Парламентот го изгласа кабинетот на Николај Денков

Од:

Бугарскиот парламент денеска изгласа нова влада на чело со Николај Денков. За владата на премиерот Денков во 240-члениот парламент гласаа 132 пратеници.

„Денесka можеме да им дадеме надеж на милиони Бугари кои сакаат нашата земја да има нормална влада“, рече Денков, додавајќи дека неговиот кабинет ќе има „храброст и експертиза да донесе важни одлуки и да сноси одговорност за нив“.

Денков посочува дека прва задача на неговиот кабинет ќе биде да обезбеди парламентарна поддршка за буџетот за 2023 година.

Неговата политичка коалиција, предводена од партијата „Продолжуваме со промените“, која на изборите во април го освои второто место, ќе ја предводи владата во наредните девет месеци.

Потоа премиерската функција ја презема поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на партијата ГЕРБ, според коалицискиот договор што го потпишаа ГЕРБ и „Продолжуваме со промените“.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски