СДСМ: Sидот на срамот во здравството прераснува во ѕид на плачот

Од:

„Ова што се случува во македонското здравство е навистина за секакво срамење. Веќе кога применуваат ѕид на срамот, им предлагаме на прво место да го стават министерот за здравство Тодоров, бидејќи под негово раководство здравствотo тоне и понатаму, уште позасилено, несопирливо.Министре Тодоров, свесни ли сте за небулозите кои ви се случуваат во секторот кој го водите? Свесни ли сте дека овој ѕид на срамот, како што милуваат да го наречат е директно засегање во правата на докторите како професионалци, но и повеќе од тоа, ова е засегање по основните човекови права?“, велат од СДСМ

„Како правник, треба да знаете дека ваквиот начин на јавно објавување не е правно пожелен. Не ли се доволни казните доколку некој има погрешено во својата работа? Или вие не верувате во правниот систем на нашата држава?Нели ви пречи г-не Тодоров што фондот за здравство ви ги лепи лекарите од вашиот ресор на „Ѕидот на срамот“, демек не за да ги посрамоти или навреди, туку за да ги опомене. Па зошто тогаш министре не го крстивте „Ѕид за опомена“, туку „Ѕид на срамот“, го праша министерот, Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат

СДСМ: Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници