Ердоган го назначи Калин за шеф на државната разузнавачка служба

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ).

Ова го соопштија од кабинетот на Ердоган.

Ројтерс наведува дека Калин е долгогодишниот „доверлив човек“ на Ердоган и дека од 2014 година е портпарол на претседателството и советник за надворешна политика на Ердоган.

Агенцијата додава дека за министер за надворешни работи, наместо Мевлут Чавушоглу, е назначен поранешниот шеф на МИТ, Хакан Фидан, кој беше на таа функција од 2010 година.

Турскиот претседател одлучи повторно да го назначи Мехмет Шимшек на функцијата министер за финансии во новата влада, како и да го назначи Јашар Ѓулер, кој од 2018 година е началник на турскиот Генералштаб, за министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски