Битиќи: Имаме силна поддршката од САД и цела Европа за нашите следни чекори за членство во ЕУ

Од:

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска денеска беа во општина Карпош како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

-Имаме силна поддршката од САД и цела Европа за нашите следни чекори за членство во Европската Унија. Сите наши европски пријатели очекуваат од нас максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав. Заеднички е ставот на сите наши пријатели дека со тоа ќе направиме уште еден значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани. Европа е нашиот дом. 30 години работиме напорно да ја реализираме стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. А ЕУ значи повисок животен стандард, нови работни места, подобри услуги за граѓаните и повеќе можности за младите. Затоа, сите политички субјекти треба да се приклучат и да дадат поддршка да продолжи европскиот пат, посочи Битиќи.

Во општина Долнени беа Фарук Омери и Славица Грковска кои пред граѓаните порачаа дека годинешниот откуп на тутун и рекордниот износ на субвенции од 26 милиони евра исплатени кон тутунарите се доказ за вистинската грижа на СДСМ за сите земјоделци.

Борис Тунџев и Боро Еркечов со граѓаните на општина Гевгелија каде порачаа дека СДСМ во изминатите години инвестира во развојот на целокупната инфраструктура низ секој регион и дека покрај автопати, сериозно се инвестира и во локални патишта и улици и во развој и унапредување на железничкиот транспорт.

Денеска ја започнавме и обновата на и автопатската делница Демир Капија – Неготино, како дел од Коридорот 10. СДСМ покажа дека парите на граѓаните треба и може да се употребуваат одговорно и исклучиво за развојот на државата.

Македонските граѓани заслужуваат да патуваат по модерни и современи патишта, побрзо и побезбедно и да бидат поврзани со Европа и со светот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје