Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД, ќе се бори против Трамп

Од:

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републиканска претседателска номинација на изборите во 2024 година, се вели во денешното барање до Федералната изборна комисија (FEC).

Пенс (63) ќе ја започне кампањата во Ајова во среда, изјавија три извори за Ројтерс минатата недела.

Пенс ќе се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Поранешниот конгресмен и поранешен гувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања и се повеќе се дистанцира од Трамп.

Тој рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија