Околу 500 турски припадници на механизираната пешадиска бригада на НАТО почнаа да пристигнуваат во Косово, соопшти денеска Алијансата.
Се наведува дека тие првично ќе бидат стационирани во касарната „Султан Мурат“, а на Косово ќе бидат стационирани се додека е потребно.
Минатата недела беше објавено дека Турција на барање на НАТО во следните два дена ќе испрати специјалци на Косово, кои ќе бидат стационирани во касарната во Призрен.