Припадниците на КФОР денеска околу пладне ја отстранија бодликавата жица на главниот пат и приодот до општинската зграда во Звечан, која беше поставена пред седум дена по поставувањето на косовските специјалци и откако Србите почнаа со мирни протести.
Насобраните граѓани ваквиот потег на КФОР го коментираа како знак дека ситуацијата се движи во насока на деескалација и смирување на тензиите.
Металната ограда се уште е на улиците кои водат до општинската зграда и пристапот до оваа зграда не е возможен. Бодликавата жица остана и на страничните приоди до општинската зграда.
Недалеку од оградата која остана по отстранувањето на бодликавата жица, граѓаните на канделавите закачија транспарент „Звечан е вечен“.
Во Звечан денеска пред општинската зграда се собраа стотици граѓани кои бараат да си заминат косовските специјалци и да ги напуштат нелегитимно избраните градоначалници, кои го добија мандатот во општините на север на изборите на 23 април, на кои излезноста беше околу 3,5 отсто и која Србите ја бојкотираа. Тие бараат и итно ослободување на сограѓаните Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ, кои беа приведени од припадниците на косовската полиција за време на протестот во понеделник на 26 мај.