Деветгодишно момче од Србија го изгриза куче, му откина дел од увото

Од:

Деветгодишно момче денеска без причина било нападнато во центарот на Власотинце, од куче со сопственик, кое го изгризало по целото тело и му откорнало дел од увото, потврди за Југмедиа еден од роднините на момчето, како и две здравствени установи.

Инцидентот можеше да се претвори во трагедија доколку разбеснето животно не беше спречено од неговиот сопственик.

-Веднаш пристигна Брзата помош од Власотинце, му укажала прва помош, го однела во ургентниот центар на Лесковачката општа болница, од каде е препратен во КЦ Ниш – вели роднината, а за српските медиуми е потврдено и од ургентниот центар.

Нападот на момчето се случил околу 14 часот додека си играло во мал парк помеѓу две згради, кој се граничи со оградата од која избегало кучето.

-Како што ми кажаа децата кои беа со него, кучето не било во боксот туку се шетало низ дворот. Сопственикот влегуваше во дворот, ја отвори капијата, а кучето успеа да му побегне и директно го нападна нашето дете – вели соговорникот на Југмедија, кој вели дека морал да пие бенседин за да се смири.

Не го обвинува сопственикот на кучето, бидејќи и тој бил многу потресен, само го обвинува, што чувал толку опасно животно.

– Се работи за куче „малиноа“ кое може да прескокне ѕид висок два метра – вели роднина на момчето, кој вели дека сопственикот сакал да го успие кучето на лице место, но дека полицијата не му дозволила поради претстојните тестови.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија