(ВИДЕО) Николова: Изборот пред секоја партија и пратеник е интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Од:

„Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да го продолжиме европскиот пат, да оствариме уште еден национален интерес. Имаме силна поддршка од ЕУ и од САД којашто треба да ја искористиме. Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува успешно и наскоро ќе заврши“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Со глас за Европа во македонското Собрание можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас.

Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.

Интеграција во ЕУ за подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое поле.

Затоа и граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ.

Пратениците, политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска и одговорност пред граѓаните и пред иднината на државата.

Европскиот предлог за преговарачката рамка е најдобриот договор со ЕУ, подобар договор нема да има.

Тоа не е ултиматум тоа е реалност. И тоа го кажуваат сите наши стратешки партнери.

ВМРО-ДПМНЕ не може да обезбеди подобар договор, тоа е лага, токму тие ја држеа земјата 11 години во изолација.

А видоа грѓаните што значи изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава, без напредок и без перспектива.

Грешките кои 11 години се таложеа скапо ја чинеа и земјата и граѓаните.

Нашите граѓани, нашите млади немаат нови 11 години за губење.

Христијан Мицкоски се уште има можност да реши: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица.

Веќе следната недела ќе знаеме, дали Мицкоски ќе биде дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица“, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје