Автомобил со кој се превзувале со жена и деца налета на мина во регионот Харков, при што загина 37-годишна жена, соопшти локален претставник.
Олег Синегубов изјави дека денеска околу 12 часот во населбата Богодухов возилото било „разнесено од непозната експлозивна направа“. При експлозијата жената починала на лице место, а две девојчиња на возраст од 12 и 15 години и едно 12-годишно момче се тешко повредени и се борат за живот.