Зеленски ќе започне „јавна борба“ со земјите кои и помагаат на Русија

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе започне „јавна борба“ со земјите кои и помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.

„За жал, низ светот и на европскиот континент има земји кои помагаат да се заобиколат (антируските) санкции. Мислам дека ќе почнам јавно да се борам против оние кои овозможуваат заобиколување на овие санкции“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со естонскиот претседател Алар Карис во Киев, пренесува РИА Новости.

Во исто време, Зеленски смета дека е парадоксално што додека некои земји се обидуваат да го зголемат производството на ракети за противвоздушна одбрана за Киев, други всушност и помагаат на Москва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина