Неколку училишни деца се повредени во напад со нож во училиште во Шведска, јавија локалните медиуми.
Ројтерс ја потврди информацијата на локалната телевизија ТВ4 дека имало напад, по што најмалку тројца ученици итно се пренесени во болница во градот Ескилстуна.
Шведската полиција започна потрага по напаѓачот.
„Точно е дека во Ескилстуна се случува тешко кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата.