(ВИДЕО) Ковачевски – Зеленски: Македонија продолжува со поддршката за Украина

Од:

Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија што Русија ја врши врз независна и суверена Украина и ѝ дава силната поддршка на земјата од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и албанскиот премиер Еди Рама на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во молдавскиот главен град Кишињев.

– Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која ѝ е потребна на Украина, истакна Ковачевски на средбата на која беше придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Како што соопшти владината Прес-служба, Ковачевски потсети дека земјава е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што и овој пат јасно се позициониравме на вистинската страна на историјата.

Премиерот посочи дека Украина е меѓу приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, нагласувајќи дека земјава ја подржува евроатлантската интеграција на земајта и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.

Во владиното соопштение се додава дека претседателот на Украина, Зеленски се заблагодари за поддршката што украинскиот народ ја добива од земјава, која доаѓа во клучни моменти.

– Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа, истакна Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е најголемата и единствена автентична социјал-демократска партија во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник

Горан Наумовски