Петров: СДСМ има цврста соработка со легитимните органи на ОM

Од:

„Ова е една груба манипулација, повторно еден бесмислен обид налик на оној на Марјан Додовски, бидејќи таа госпоѓа веќе година и пол има поднесено оставка од таа функција. Ние имаме цврста соработка со легитимните органи на оваа партија, кои имаат и писмено овластување да ја застапуваат партијата и нашата соработка ќе резултира со заедничка коалиција помеѓу другите 20 партии кои ги предводиме, и секако со Обединети за Македонија“, вака генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, одговара на новинарско барање за коментар за денешната изјава на Наталија Ивчева , дека се гасне Обединети за Македонија.

СДСМ не знае што мисли Љубе Бошкоски, ниту можат да исконтактираат со него.

„Она што можам да Ви го кажам е дека легитимно избраниот орган на партијата се генералниот секретар и тројцата потпретседатели со кои разговараме, кои ја застапуваат партијата, со нив имаме цврста соработка и веќе сме во напредната фаза на постигнување на коалиционен договор за следните избори. Тоа и ќе продолжи без разлика на очајните обиди на поединци. Она што е нејасно и што фрла сенка воопшто на политиката како професија е како дента кога Достоинство поднесоа иницијатива во Собранието да се донесе закон за амнестија на Љубе Бошковски, кој влезе во извештаите на Стејт департментот и Амнести интернешанал како политички затвореник, некој кој бил негов близок соработник си дозволува да прави ваков чекор. Тоа е нешто што фрла сенка на политиката како професија“, изјави Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски